речник контакт

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во посета на Чашка и Горно Јаболчиште (фото)

Градоначалникот на Општина Чашка Суад Шакири посетата ја оцени како историска и претставува посебен момент за општината и за сите нејзини граѓани

Петар Печков

Попладнево Албанскиот претседател  Бајрам Бегај ја посети општина Чашка, населбата Чашка и Горно Јаболчиште.  Градоначалникот на Општина Чашка Суад Шакири ја оцени како историска и  претставува посебен момент за општината и за сите граѓани.  Бегај претходно беше во посета на Старата чаршија во Скопје и таму во во Чашка тој не даде изјави. 

„Разговаравме за зајакнување на мултиетничкиот дух на Чашка, нагласувајќи ја важноста секој граѓанин, без разлика, да се чувствува еднаков.  Да останеме обединети како народ, без разлики во верски или национален аспект, бидејќи само обединети ќе ги уживаме заедничките придобивки и ќе изградиме подобра иднина за сите. Ова се придобивките од нашиот заеднички труд и придонес за развој и зајакнување на националниот елемент.  Да останеме обединети како народ, без разлики во верски или национален аспект, бидејќи само обединети ќе ги уживаме заедничките придобивки“ – изјави Шакири.

Двајцата претседатели засадија дрво на пријателството во центарот на населба Чашка. Шакири посебна благодарност упати до општинската администрација за ангажманот и посветеноста при организацијата на оваа посета.  Албанскиот претседател Бегај  е во посета на Северна Македонија по покана на колешката  Гордана Силјановска   Давкова. 

Утре, петок, Бегај ќе се сретне со претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе има говор пред пратениците.

 фото Општина Чашка 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »