Петар Печков
Објавено: среда, 06 јануари 2021
Народната изрека „пред Божик, за Божик, дома да си“ не важеше за две млади момчиња од велешко Башино Село. Александар ( 27 год) и Мартин (23 год) Маневски работат во местото Лошињ, на истоимениот хрватски остров во Кварнерскиот залив. Но тие наместо да заминат дома за Нова година и Бадник и Божик, се одлучија овие празнични денови да ги минат во Петриња, Централна Хрватска, да помагаат на настрадани од земјотресот од 29-ти декември минатата година.
Човечки беше да отидеме и помогнеме на настраданите, поточно во санирањето на штетите од земјотресот. Денови за празнување има, но нема време за луѓето кои силно ја почувствуваа маката од земјотресот. Затоа со брат ми одлучивме, наместо дома да заминеме во Петриње - вели Александар.
Заминале со 20-тина пријатели од градот каде работат Лошињ. Работеле на уредување стан и да ги санираат неговите кровови, каде сега веќе се сместени две фамилии со мали деца.
Во реонот каде работевме, немаше други Македонци кои помагаа. Но затоа сретнавме Македонци кои таму живеат, фамилии. Нивните куќи беа исто така разрушени, им понудивме помош, но нив веќе им помагаа други волонтер - додава Александар.
Александар за Хрватска заминал есенва во октомври додека Мартин во февруари. Велат заминале барајќи работа и чекајќи подобри денови.
Браво момчиња, ВИЕ сте нашите херои!!!
на фотографијата Мартин е прв од лево, Александар е во средина
Tweet |