Петар Печков
Објавено: четврток, 03 ноември 2022
Вечерва се одржа промоција на стихозбирката "Боја во сето сиво" на Александра Андреева. Ова е нејзина прва книга, која ја создавала неколку години.
Во предговорот на книгата пишува „Ако пред здравствената пандемија постојано се прашувавме до каде ќе оди технологијата, здравството, науката, капацитетите на човечкиот ум за нови предизвици, денес по целата самотија во вонредни околности, можеби и ни се направи услуга да запреме, да се свртиме кон себеси, кон семејството, другарот“
„Ова е мое дело на интимна поезија, која ги споделувам моите чувства за сите работи од мојот живот, се што ме опкружува. Ја работев од 2018-та година.“ - рече авторката Андреева. Стихозбирката е издание на куќата „Збор“ од Велес.
„Се работи за талентирана поетеса, со зрел поетски ракопис. Поделен е во шест циклуси, кои што преставуваат кохерентни целини и може да се читаат како една песна. Песните на Андреева се лирски, емотивни, интимни, топли, блиски до читателот. Таа со нејзината хиперсензибилност и хиперемотивност го поведува читателот во музејот на емоции, во нејзиниот макрокосмос, кој го создава преку песните. Така читателот има на увид да се соживее со секој стих од нејзина стихозбирка“ кажа промоторот, поетот Михаило Свидерски.
Промоцијата се одржa во малата сала на велешки театар, пред нејзини бројни блиски, пријатели.
Времето брзо лета,
од промена во промена шета.
Како лани ништо не е исто,
ај да сме си на чисто.
Превез од очи тргнав,
и лагата ја растргнав.
Затоа стихови нови пишувам,
нова реалност опишувам.
За типови и прогнози разни,
и зборови често празни.
Кој искрено и реално лаже,
времето ќе ни каже.
Tweet |