речник контакт

Алтан маало, близу Варналиите

Во овој дел на Велес, имотните велешани имале свое маало, каде Турците не влегувале. Живееле чорбаџии кои се бавеле со одгледување на свилени буби

Петар Печков

По завршувањето на улицата  ,,Јован Алабакот,, каде се куќите кај Варналиите, во уличката кон лево се наоѓало Алтан маало. За него ми зборуваше Никола Трипчев, стар велешанец и поранешен директор на Историскиот    архив.

Во овој дел на градот живееле имотни велешани. Тие се бавеле со одгледување на свилени буби, произведувале свила. При стемнувањето, кога ќе се запалеле фенерите, се затварала вратата на маалото, кое води кон црквата Св. Ѓоргија. И тука Турците не влегувале. Мештаните од овој дел на Велес имале свое парче земја каде тие живееле свој живот. Бидејќи билe богати,се бавелe со свилени буби и свила, се викало Алтан маало - објасни своевремено  сега покојниот Трипчев.

 Тој додаде како бакалите, сопствениците на продавниците, пред Втора Светска војна ги одржувале ладни пијалаците, лимонадата и бозата. На блискиот рид Гроот, во доловите кога ќе дошла пролетта, снегот кој останувал во сенките го прекривале со дрвја, гранки и така се додека тој опстанувал, оделе до таму  со магариња  во кофи го носеле во продавниците и така нуделе ладни пијалаци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »