речник контакт

Американски грант за мозаикот во Стоби од 90 илјади долари

Тој е наменет за конзервација на мозаикот и мермерните декоративни елементи на Крстилницата на Епископската базилика на локалитетот Стоби

Петар Печков

Американската амбасада во Македонија,  додели грант на Национална  установа ,,Стоби,, во висина од 90 илјади долари. Тој е наменет за конзервација на мозаикот и мермерните декоративни елементи на Крстилницата на Епископската базилика на локалитетот Стоби.  Договорот го потпишаа американскиот амбасадор Џес Бејли и министерката  за култура Елизабета Канчевска Милевска.

Наша цел е да оставаме на идните генерации, дел од националното културно  богатство, наследено од минатото. Амбасадорскиот фон за културна заштита е  основан 2001-та и обезбедува директна поддршка преку грантови за  проекти за заштита на културата во земјите во развој – рече амбасадорот Бејли.  

САД  за изминатите 15 години во Македонија, преку овој амбасадорски грант обезбедиле поддршка од еден милион долари за  12 проекти.  Ова е втор пат како Археолошкиот локалитет Стоби добива ваков амбасадорски грант од САД. 

Археолошкиот локалитет Стоби е  еден од нашите најзначајни споменици од римската и доцно античка епоха кој плени  со извонредно сочуваните и раскошно украсените јавни и резиденцијални градби. Основана е Националната институција „Стоби“ која се грижи за заштитата и одржливиот развој на локалитетот, а со поддршка на Владата и Министерството за култура во периодот од 2009-2016 година на Стоби беа спроведени и капитални систематски истражувања на преку 15.000 м2, на кои беа пронајдени околу 30.000 вредни артефакти – рече министерка Елизабета Канчевска Милевска, при потпишувањето на договорот.

Според планот за работа, мозаикот и мермерните декоративни елементи на Крстилницата на Епископската базилика треба да бидат завршени до крајот на наредната година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »