Петар Печков
Објавено: среда, 29 август 2018
Американски конгресмени, кои вчера попладне беа во посета на Велес, интерес покажале за соработката на локалната со централната власт. Бил Флорес претставник на Тексас, Дејвид Прајс претставник н Северна Каролина, Дина Титус пшретставник на Невада, Гери Коноли претставник на Вирџинија и Сузан Дејвис претставник на Калифорнија, имаа одвоени средби, кои беа затворени за јавноста, со пратениците во Парламентот од Повардарјето и со градоначалникот и советниците од Велес. На нив присуствуваше и американскиот амбасадор во Скопје Бејли.
На одделна средба со пратениците Панче Иванов, Илија Димовски, Иван Ивановски, Бетиане Китев, Лилјана Затуроска, Агим Муртезани, Славица Шуманска –Митева и Емилија Александрова се разговараше за подобрување на механизмите со кои пратениците го пренесуваат барањата на граѓаните во законодавниот дом - стои во соопштението на Општина Велес, која беше домаќин. Претходно средби имаа со по пет советници од владејачката СДСМ и пет од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ плус претседавачот на Советот на Општина Велес. Тема била подобрувањето на соработката на локалната со централната власт.
Петте американски конгресмени од САД остварија средба со градоначалникот Коцевски и членовите на Советот на Општина Велес на која беа разменети искуства и идеи за зајакнување на комуникацијата на општинските советници со централната власт со цел поефикасно преточување на приоритетите на граѓаните и локалните власти во политиките на делување на централните власти информираа од Општина Велес.
Претставници и од власта и од опозицијата изјавија дека наспроти очекувањата дека референдумот ќе биде носечка тема, тој воопшто не бил поставен како прашање, освен со констатацијата дека ,,Македонија ја чека важна одлука на 30-ти септември,,.
Tweet |