речник контакт

Американските спасувачи на дело покажаа како работат на велешко езеро

екипа од американски спасувачи, кои работат по плажите на Калифорнија обучува за спасување по отворени води. Меѓу посетителтие и двајца кандидати од Грција еден од Албанија

Петар Печков

На велешкот езеро Младост, екипа од американски  спасувачи, кои работат по плажите на Калифорнија  ги обучуваат   македонски кадри за спасување по отворени води. Шестмина Амариканци, се дел од екипата,  кои изминатиот викенд држеа предавања на курсот  кој го посетуваа   17 кандидати.

Спасителите  понудија специјални спасителни вежби,  спеацијалиозрани за оваа професија, ги учеа колегите  на нови вештини и техники при спасувањето.. Предаваа спасување со и без спасителна опрема, спасување со чамец и  давање на прва помош. 

 Има теоретски дел, предавање во сала, пракатичен дел во вода. Кандидатите кои ќе ја  завршат обуката  добиваат професиоанлен сертификат со кој ќе можат да работат како спасители на отворени води, секаде низ светот. Тоа се однесува  на, море, езеро, реки - изјави домаќинот Ангел Пановски претседател на  Здружението за  ебзбеднсот на вода ,,Македонски спасител,,.

 Ова е втор пат како  Американци обучуваат за добивање на лиценца за работа. Прв апт беше пред две години и оваа проелт  повторно.  Меѓу кандидатите имаше двајца од  Грција, еден од  Албанија, тројца од Дојран, неколкумина од Скопје и Велес. Сите со иста желба, да  можат да рабопата како спасители.   

Сите кандидати даваат се од себе за научат што повеќе а на крајот ќе се покаже кој колку совладал, знае и умее  - вели  Рос Монро, предавач од САД.  

Ниту на посетителите ниту на предавачите не им се погоди времето, беше облачно, ветровито. А езерото  Младост после три децени со највисоко ниво, па водата беше ладна и  не можеа долго да се задржуваат во неа, да ги изработат вежбите за спасување.  Предавачите се од ,ИСЛА сурф,, кое постои од 2008-та и главна цел е превенција од давање. Започнале да работат кога  откако  во текот на летната сезона во три дена  во Никарагва  на плажа во должина од 200 км  се удавиле 70 лица. Затоа и најмногу се популарни во овој дел од светот  Централна и Јужна Америка. Работеле и во  Австралија, Нов Зеланд. Меѓу предавачите и  19 годишна девојка.  

Многу девојки не веруваат дека можат да бидат спасители, но овде има девојка која знае и може да  биде спасител. По мое мислење нема разлика дали спасилител е машко или девојка, нема потреба од дискриминација.  Започнав како спасител од 16 години, ми помогна да бидам  посилна и   похрабра  - објасни  Никол Емерсен.

Облечени со карактеристичните црвени спасувачки одела, со пловките во рака, тие на дело покажаа како спасуваат во случај на неволја. Така за кратко американските плажи ги заменија со тие од велешкото езеро. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »