речник контакт

Американските спасувачи на вода ги учеа велешките на езерото Младост

Три дена ти ги учеа на новите вештини и техники при спасување на давеници.

Петар Печков

Спасителите од калифорниските плажи дојдоа во  Велес  да ги обучуваат македонските колеги.  На бреговите  од велешкото езеро Младост три дена ти  ги учеа спасителите од земјава на новите вештини и техники при спасување на давеници.    Мирната површина  на езерото се брануваше  под  налетите на спасителите, кои брзо ги учеа вештините.   Новина беше спасување со помош на даска.

  Ова е нешто најново во светот, се применува последната година. Даската не е од цврст материјал, туку на надувување и може да се носи лесно од една локација на друга.   Со нејзе бргу се стигнува до давеникот, тој се качува  на неа и се носи до плажата. Секој спасувач треба да ги знае сите вештини и начини за спасување – вели  спасителот Хенри Рејес  од  Лос Анѓелес САД.

Тој објаснува дека најважно за еден спасител е  крајно внимателно  да ја набљудува состојбата  и  претпостави   кога и кој би можел да создаде проблеми. Треба да се делува превентивно и да не се дозволи нешто сериозно.  Рејес заедно со уште двајца негови колеги се членови на  Меѓународната школа са  спасување ,,ИСЛА сурф,,.

Имаме   нов висок на стандард на спасување на вода кој го шириме низ светот.   Лицата кои ги обучуваме ги прилагодуваат овие  правила на нивните потреби но и да го подигнат  во зависност од средината  – вели  Рејес. 

Тој со неговите колеги работат  на  повеќе плажи    близу Лос Анѓелес Калифорнија, но работи и на реки на  брзи води. Рејес  не знае точен број колку лица спасил, можеби илјада  но знае дека  имал   47  најмногу интервенции  во еден ден. Американците со себе донесоа и некои прирачни средства на кои освен што ги обучуваа, по завршувањето им и подарија на  здружението ,,Македонски спасител,, од Велес.  Тие донесоа медицинска опрема за прва помош, даска за спасување, бови, туби,   даски за имобилизација на `рбетен столб. Американците беа пријатно изненадени од знаењата со кој располагаа македонските спасители, имаат вештини и знаења да помогнат  во сериозни ситуации.

Ова професионална американска  школа ја поканивме кај нас, оти почувствувавме дека немаме доволно професионален тренинг и едукација. Сакаме да се надоградиме и обучиме повеќе отколку што досега имавме – вели Ангел Пановски претседател на здружението ,, ,,Безбедност на води и планини - Македонски спасител,,.

Освен што 30-тина посетители ќе добијат знаење  и сертификат, кој е признат во повеќе земји во светот.  Ова македонско здружение минатата сезона било ангажирано во работа на Градскиот базен каде за три  месеци  имале 22 успешни интервенции, а  давениците биле на возраст од 3 до 42 години.  ,,ИСЛА сурф,,.постои од 2008-та и главна цел е превенција од давање. Започнале да работат кога  откако  во текот на летната сезона во три дена  во Никарагва  на плажа во должина од 200 км  се удавиле 70 лица. Затоа и најмногу се популарни во овој дел од светот  Централна и Јужна Америка. Работеле и во  Австралија, Нов Зеланд.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »