речник контакт

Ангел Петрушев е најдобар кајакар во Македонија за 2022 година

3а најдобар тренер е прогласен Димче Стефановски ККК Вардар Велес

Петар Печков

Македонската кајакарска федерација ги прогласи најдобрите во овој спорт. Титулата најдобар кајакар на Македонија му припадна на велешанецот Ангел Петрушев.

Тој со 18 години ова сезона го освои 4-тот место на ЕП за јуниори во Будовице - Чешка, 19-тото на СП во Ивреа Италија и беше втор на Илинденскиот кајак слалом ИКАС 2022.

Петрушев весла во дисциплината К-1 кајак слалом на диви води и е член нa ККК Вардар од Велес. Како награда од федерацијата Петрушев доби чек во вредност од 150 илјади денари. 

3а најдобар тренер е прогласен Димче Стефановски ККК Вардар Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »