Петар Печков
Објавено: петок, 17 мај 2024
Анде Јанков ја промовираше неговата последна книга, трилерот „Кобајаши Мару“. Таа е петта од серијалот за инспекторот Виктор Николов, кој решава интригантни случаи на убиства. Издавач на книгата е „Антолог“. Авторот и натаму има инспирација и внесува интересни заплети, кој го оставаат читателот без здив, читајќи ја книгата.
„Инспирација добивам од околината во која живеам. Кога опшеството не е така добро органзирано, дaва можност да се твори за различни приказни, кои ја претставуваат реалноста во која живееме. А публиката тоа го чита. Инспекторот Николов останува и натаму, во следните дела, но ќе доаѓаат нови ликови, политичари, бизинисмени. Иако романот во својата жанровска класификација претставува крими, оваа книга разработува широк дијапазон на идеи кои се проткаени низ него. Приказната е втемелена во времето во коешто живееме, но си игра со безвременски концепти кои претставуваат зрела критика на бројни општествени норми и модалитети“ кажа Јанков.
Тој е дипломиран економист, но надвор од неговата работа, се наоѓа во книжевноста, литературата. Промотор на книгата беше Даница Лепојевиќ, поетеса.
„Анде има способност да изгради цел универзум, кој на прва не е забележлив.На памет ни паѓаат херои, вонземјани, Толкин, но Анде гради сепцифичен свет. Игра според правила кои денес ги забораваме.Гради утопија која се заснова на универзална вистина, на вредности кои ги губиме. Тој се стреми да создаде паралелен свет кој личи на нашиот,а разликата е во тоа што е важно и вредно“ – вели Лепојевиќ.
Tweet |