Петар Печков
Објавено: петок, 20 ноември 2026
Андреја Весов е нов претседател на Општинската организација на движењето ЗНАМ од Велес. Ова е изборот за кој информираа од партијата. Избран е и новиот состав на Извршниот и Надзорниот одбор.
.
„Со новото раководство започнува нова етапа на посветена, одговорна и принципиелна работа. Организација која не се гради само со зборови, туку со дела, присуство меѓу граѓаните и подготвеност да се преземе одговорност за секој предизвик. Нашата цел е јасна – силна организација, отворена врата за секој граѓанин и политика во која човекот, неговите потреби и достоинствениот живот се секогаш на прво место“ порачаа од движењето ЗНАМ.
фото: движење ЗНАМ
| Tweet |




