Петар Печков
Објавено: четврток, 02 април 2026
Пет филмови се на репертоарот на Киноверзум Велес, следните седум дена. Светскиот хит во најава „Супер Марио Галаксија филм“.Филмот е анимирана авантура инспирирана од светот на Super Mario Bros и е продолжение на СУПЕР МАРИО БРОС, кој премиерно се прикажа во 2023 година и заработи повеќе од 1,3 милијарди долари низ целиот свет. Филмот е заедничка продукција на Universal Pictures и Nintendo, а Universal Pictures е глобален дистрибутер. Марио тргнува во вселената, истражувајќи космички светови и соочувајќи се со галактички предизвици далеку од познатото Кралство на печурките. Секој ден до среда од 18ч.
По хитот „Свадба“ време е за нова комедија, на слични мотиви „Спортска игра“. Претстава која е голем хит и со долги години извеба на таатар „Ѕвездара“ во Белград. Младата Маја решава да го запознае својот вереник, софистицираниот белграѓанин Павле, со својот татко Мацура, харизматичен сопственик на земунска фурна. Таа се обидува да го „исшлифува“ таткото пред судбоносниот семеен ручек, а Павле балансира помеѓу љубовта и влијанието на својата доминантна мајка, па на површина испливуваат генерацискиот јаз и длабоко вкоренетите предрасуди. Низ серија комични недоразбирања, приказната нѐ потсетува дека искреноста и прифаќањето се единствениот пат кон заедничка иднина, колку и да се различни нашите корени. Се прикажува петокдо вторник во 20ч. и среда од 22ч.
Недела од 22 ч. се прикажува акцијата „Криенка 2“. По преживувањето на смртоносна игра, Грејс и нејзината сестра Фејт сега мора да им избегаат на четири ривалски семејства што се натпреваруваат за моќен престол – победникот добива сè. Лов на жив човек, двете сестри до смрт.
с.ф. трилерот „Проектот Очајнички обид“ со Рајан Гослинг. Астронаут се обидува да ја спаси Земјата додека е сам во вселената. Професорот по природни науки Рајленд Грејс (Рајан Гослинг) се буди на вселенски брод оддалечен светлосни години од дома, без да се сеќава кој е и како дошол дотаму. Памтењето постепено му се враќа и тој почнува да ја открива својата мисија: да ја реши загатката со таинствената состојка што предизвикува одумирање на Сонцето. Притоа, треба да се потпре на своите научни познавања и неконвенционалните идеи за да го спаси животот на Земјата од изумирање. Се прикажува понеделник и вторник од 21,50ч.
Петок од 22ч. комедијата „Свадба“. Што се случува кога родителите им ги наметнуваат на вљубените млади предрасудите за раса, вера, обичаи традиции.
| Tweet |




