речник контакт

Анимираниот канадски филм „Патролните шепи –Дино филм“ премиерно во Киноверзум Велес

Се прикажува и филмот кој заработи една милјарда долари за една седмица „Човекот пајак“ митскиот акционен еп „Одисеја“ и анимираниот „Мињони и чудовишта“

Петар Печков

Четири филма се на репертоарот на Киноверзум Велес до следната среда, еден е премиера и три се од врвот на гледаноста во светот.

Премиера за кандскиот анимиран филм „Патролните шепи –Дино филм“. Јунаците патролните шепи слетуваат по бура  на мистериозен остров со диносауруси, каде што го среќаваат Рекс, кученце што таму е заглавено. Tимот се соочува со својата најголема спасувачка мисија за да го спасaт островот.  

Филмот кој по првата седмица собра една милјарда долари приход,   Човек пајак –нов ден се прикажува во Киноверзум Велес.  Заборавениот Питер Паркер  живее сам и целосно му се посветува на животот како Спајдермен сѐ додека сè поголемиот притисок не предизвика опасна промена и не се појави моќен нов непријател. Том Холанд, Зендаја, Џон Бертнал јунаците од Одисеја и во Човек пајак –нов ден. Се прикажува од 19ч. секој ден до среда.  

Четврта  седмица на репертоарот на Киноверзум Велес е  митски акционен еп,   работен според Хомеровиот еп Одисеја.  По тројанската војна, Одисеј се соочува со опасно патување назад кон Итака, среќавајќи суштества како Полифемус, Сирените и Калипсо по патот. Се прикажува до среда од 21,40ч.  

Aнимираниот „Мињони и чудовишта“  е високо на листата по гледаност  во светот. Бурна, смешна и вистинска приказна за тоа како Мињоните го освоија Холивуд, станаа филмски ѕвезди, изгубија сè, ослободија чудовишта на светот, а потоа се здружија за да се обидат да ја спасат планетата од хаосот кој го создадоа. Се прикажува  понеделник во терминот од 17,30ч. 

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »