речник контакт

Апарат за урологија при велешка болница, набавија членовите на „Мовембер“

Мисија на здружението е да се зголеми свесноста за здравствените ризици со кои се соочува машката популација

Петар Печков

Здружението на граѓани,  велешаните од  „Мовембер“ набавија апарат за одделението  за  урологија при Општа болница Велес. Средствата беа собрани со продажба на маички, со логото на здружението, но и со донации од велешки фирми, во текто на камапњата, во месец ноември лани.  

„Средствата собрани во изминатата, јубилејна 10-та година од нашата активност, ги наменивме за набавка на инструмент уретротом, хируршки нож за ендоскопско отворање на уретрата, кој се користи за нејзини  блокади и стеснување. Со набавката на инструментот во болницата ќе бидат овозможени интервенции од овој тип“- кажа Иван Сарагинов, член на движењето Мовембер.

Движењето има хуманитарна димензија, односно секоја година преку продажба на тематски маици, шолји, беџови и други производи, се собираат средства кои подоцна се донираат на сограѓанин кој има потреба од истите.

„Мисија на здружението е да се зголеми свесноста за здравствените ризици со кои се соочува машката популација, како и значењето од редовните прегледи и контроли се со цел намалување од  ризиците и превенција од појава на истите“- додава Сарагинов.

Мовембер Велес, неформално е формирано во 2013-та година од група на млади ентузијасти. Обидот на основачите на движењето и неговите членови и поддржувачи е да се пренесе пораката, пред се кон младата машка популација за важноста на грижата за т.н машки болести.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »