речник контакт

Апасиев - во зградата на стариот театар, МКЦ за младите

Рацин заслужува Мавзолеј, ќе се залагаат од Левица

Петар Печков

Левица на прес конференција ја побараа поддршката од велешани, за влез на  нивен кандидат во Советот на Општината.  На прес конференцијата говореше Димитар Апасиев, носител на листата.  Него Игор Смилев, кој  е втор на листат, го најави како човек кој ќе го ,,прошаренее  политичкото милје, кое 20 години наназад постои во велешкиот Совет,,.  

Имаме амбициозна програма која предвидува Младински културен центар на местото од стариот театар.  Објектот е напуштен, неискористен а Велес е единствен поголем град во Македонија кој нема  младинска сцена. Младите креативци нема каде  да творат, младите бендови  нема каде да настапуваат и свират, младите  уметници нема каде да цртаат и создаваат скулптури.  Создавање на автономни културни и социјални центри  по принцип на сквотирање на јавни површини кои се запуштени, како и фабрички хали.   Тоа е познат европски метод на оплеменување на запуштени индустриски зони а користени од млади уметници. Предвидуваме  и реотварање ена киното, оти штета Велес  да нема кино сала, каде ќе се довива цивилизирана проекција.   Како поранешни активисти на Ленка, како морална одговорност чувствуваме  кон патронот на  градот  -Рацин, изградба на мавзолеј за него и вадење на неговите останки од Спомен Костурницата и изложување  на  соодветно место. Тоа Рацин го заслужува како еден од најпознатите ликови на  Велес – истакна Апасиев.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »