речник контакт

Апел од Болницата до пациентите, не доаѓајте без сериозна потреба на контрола и дијагностика

За неподвижните лица -пациенти, да доаѓаат со минимална придружба

Петар Печков

Велешката Болница побара од пациентите кои треба да доаѓаат на редовна контрола, да ги одложат за две седмици.

Во писменото соопштение од раководството на оваа здравствена институција се бара од пациентите, неподвижни лица,  кои мора да ја посетата Болницата, да доаѓаат со минимална придружба.

Пациентите кои имаа закажано редовни контроли или дијагностички процедури а немаат потешкотии и се чувствуваат добро, од Болницата апелираат  да ја одложат контролата или дијагностиката за најмалку две седмици.

Ги потсетуваат  граѓаните дека треба да ги мијат често рацете и да користат антисептично средство. 

Овие барање биле во согласност со донесените мерки на Владата а се во функција за превенција на ширење на корона вирусот. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »