Петар Печков
Објавено: петок, 26 јануари 2018
Постапувајќи по жалбата на ,Кунико ресурсис,, за стечајот во фабриката ,,Фени,, од Кавадарци,, Апелациониот суд од Скопје ја отфрлил, информираше Александар Шопов, претседател на велешкиот суд.
Така останува одлуката на Основен суд Велес, дека фабриката е во стечај и на 7-ми февруари на ќе се одржи испитно рочиште за финансиско материјалната состојба и извештајно Собрание на доверители.
На дневен ред на ова подготвително рочиште е констатирање на побараувања од страна на доверителите. Стечајот се отвори по барање на неколку банки ,,Комерцијална бана ,, АД Скопје, ,,Стопанска банка ,, АД Скопеје и ,,Силк роуд банка,, АД Скопје. Тие побаруваат околу 40 милиони евра а вкупниот долг се проценува дека е над 60 милиони евра.
Tweet |