Петар Печков
Објавено: четврток, 05 ноември 2020
Армијата се вклучува во помош на здравствените установи во справување со корона кризата. Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, и нареди на армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на здравствените институции при справување со последиците од пандемијата на ковид-19.
Армијата ќе помага за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини. Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема - велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
За спроведување на овие задачи, Генералштабот на Армијата е должен да ги подготви за ангажирање медицинските, силите за транспорт и силите за АБХО на Армијата.
Tweet |