речник контакт

Арсовска, Поптодоров и Бацковиќ, државни карaте прваци во млади категории

Освоени се и две втори и три трети места. Арсовска и Поптодоров во македонската селекција за ЕП во карата во малди категории кое ќе се одржи на Кипар во февруари

Петар Печков

Изминатиот викенд во Гостивар се одржа Државното карате првенство за кадети, јуниори и У-21. На првенството беа пријавени 206 каратисти од 40 клуба. Каратистите на велешкиот карате клуб „Гладијатор“ освоија три први места и две  втори и три трети.

Во кати жени У-21  држвен првак е Мартина Арсовска а третото место го освои Теа Гашева. Во истата категорија кај машките, второ место за Марко Бунтески  а трето место освои Стефан Стојановски.

Ката мажи  јуниори државен првак е Марко Поптодоров,  а ката жени трето место за  Андреа Алексова. Во борби  +70 кг државен првак за  кадети  е Лука Бацковиќ  а  до 57 кг. второ место за  Хасан Чорески.

По ова Државно првенство за кадети, јуниори и У-21, позната е македонскта  селекцијата за Европското првенство што ќе се одржи во Ларнака, Кипар, од 3 до 5 февруари 2023 година. Меѓу избраните се и велешаните  Мартина Арсовска и Марко Поптодоров.  Арсовска беше учесник на СП за млади категории, кое во ноември се одржа во Коња Турција. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »