Петар Печков
Објавено: вторник, 07 февруари 2023
На Кипар, во градот Ларнака изминатите денови се одржа ЕП во кaрате во млaдински категории, јуниори, кaдети и У-21. Меѓу повеќе од илјада учесници oд 40 држави, беа и двајца млади велешани Мартина Арсовска и Марко Поптодоров.
Мартина Арсовска настапи во кати У-21 во група 3, каде од 7 натпреварувачки беше 4-та. Во втората фаза, во група од 8 учеснички беше 7 -ма. Или таа од 27 учеснички, влезе меѓу 16 најдобри.
Марко Поптодоров учестувеш во кати јуниори, беше во групата 3, каде од 7 ученици беше 7-ми и со тоа го заврши учеството.
Tweet |