Петар Печков
Објавено: недела, 26 март 2023
Велешанката Мартина Арсовска која учествуваше на ЕП во карате во Гвадалахара во Шпанија, учеството го заврши по првиот елиминационен круг. Таа се натпреврувaше во кати и беше во групата четири, со седум учеснички . Арсовска беше петта со што не продолжи натаму. За јачинатa на групатa во која се најде велешанкaта, илустрација е што Французинкaта Таили освои сребро а трета и бронзен медал освои турчинката Божан.
На првенството требаше да учествува и ката тимот на Македонија, во состав, Арсовска со двете велешанки Александра Алексовска и Теа Гашева. Но откако карате федерациајта побара учесничките сами да ги платат патот и престојот, Гашева и Алексовска не отпатуваа а се најдоа средства само за Мартина.
Во 20 коло од Втората лига кошаркарите на КК Борец баскат загубија дома уверливо со Борец од штипски Соколи 1933 кој е второпласиран со 64:82.Велешан остануваат 10-ти без можност ниту да напредуваат, ниту да паднат место пониско. Во следното претпоследно коло играат со МКК Куманово кој е на делба на петтото место.
Во разигрувањето за опстанок во Првата лига ракомет, победа и пораз за велешките екипи во првото коло од оваа фаза. Победа од 27:26 (13:10) за РК Бисинов, додека ГРК Борец загуби во Свети Николе од РК Овче Поле о 39:16 (18:6). Бодовите од претходната фаза се пренесуваат и во ова разигрување за опстанок. Така РК Бисинов има девет и се наоѓа во групата од четири екипи, додека ГРК Борец е последен без бодови. Во следното коло, недела 2 април од 17ч. се игра градското дерби ГРК Борец- РК Бисинов.
Tweet |