Зоран Николов
Објавено: сабота, 28 јануари 2006
„Баер“ соопшти дека независната студија на лекари во Италија, Шпанија и Германија покажала дека две таблетки „аспирин“ против мигрена од 500-ни милиграми по 2 часа ја намалуваат болката ефикасно, како и 50 милиграми „суматриптан“, состојка на „Глаксовиот“ лек „имигран“. „Баер“ почна да продава аспирин против мигрена во 2000-та година и, како и „ибупрофен“, тој лек се купува без рецепт. Аспиринот кој традиционално се користи против болки и треска, од неодамна се смета за превентивно средство за срцеви и мозочни удари. Аспиринот ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар Научниците од Северна Каролина утврдиле дека редовното користење на аспирин има различна ефикасност кај жените и кај мажите. Лекот ја чува виталноста на срцето кај мажите, а кај жените ја намалува опасноста од мозочен удар. „Станува збор за корисна информација кога е во прашање употребата на аспиринот, бидејќи претходно спроведените истражувања покажале дека тој е корисен за спречување на кардиоваскуларните проблеми, главно кај мажите, па лекарите против своја волја им го препишуваа на жените поради недоволно податоци за придружни ефекти“, изјави авторот на студијата Џефри Бергер. Аспиринот и опасноста од смрт по крвавење во мозокот Редовното користење на аспирин може за 2 пати да ја зголеми опасноста од смрт предизвикана од крвавење во мозокот, покажале резултатите од едно финско клиничко истражување. Истражувачите од Неврохирушкото одделение при Универзитетската болница во Оулу, во северозападна Финска, утврдиле дека предвремената смртност (3 месеци по мозочниот удар) е 2 пати почеста кај лицата кои редовно користат некои од антикоагулациските средства (за разредување на крвта), како што се аспиринот или варфарин, во споредба со лицата кои ретко ги користат тие лекови. Истражувачите извршиле споредување на дејството на аспиринот на 98-мина пациенти кои имале внатрешно крвавење во мозокот со контролната група од 206-мина луѓе, и тоа во период од јануари 1993-та до септември 1995-та година. Внатрешното крвавење се јавува во 10% до 15% од случаите на мозочен уда? и во западните земји го имаат меѓу 12 и 31 лице на вкупно 100.000. Аспиринот редовно им се препишува на лицата со зголемена опасност од инфаркт или мозочен удар, но научниците истакнуваат дека кај тие пациенти користењето на лекот со лекарски надзор може да има повеќе благотворни отколку штетни ефекти. Аспиринот го намалува ризикот од рак на дојката Американското лекарско здружение утврди дека кај жените кои барем еднаш неделно користеле аспирин или некој друг лек за намалување на телесната температура, ризикот од појава на рак на дојката е помал за 20%. „Нашите сознанија заедно со епидемиолошките и лабораториските наоди укажуваат дека жените особено во периодот на менопаузата треба да пијат аспирин или некој друг нестероиден антиинфламаторен лек за да ја спречат појавата на рак на дојката“, изјавија истражувачите од Универзитетот Колумбија во Њујорк. Спроведеното истражување покажало дека аспиринот го намалува ризикот од појава на рак на дојката само ако неговата појава е поврзана со хормонот естроген, додека кај жените кои боледуваат од рак кој не е поврзан со тој хормон, таблетките немаат никакво дејство. Освен тоа што ја спречува појавата на ракот на дојката, аспиринот во мали дози ја спречува и појавата на срцев удар. Avizo MC
Tweet |