речник контакт

Аце Коцевски е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Велес

Тој догодина ќе ја бара поддршката нa граѓаните за трет мандат

Петар Печков

Општинската конференција  на СДСМ за Велес на вчерашната седница со акламација го избрала Аце Коцевски за кандидат на оваа партија за локалните избори за градоначалник, кои треба д се одржат во 2013-та година. 

Иако во процедурата при анектирањето се јавиле и други имиња, на крајот од неа Коцевски  имал силна поддршка пред се од граѓаните, што било решавачко тој да  биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Велес.

Во демократска и широка процедура, во која сите членови нa СДСМ даваа свои предлози и кандидати, беше решено Коцевски да биде наш кандидат.  За него не може да се зборува многу, бидејќи за него зборуваа неговите дела кои ги остави додека беше прв човек на општината – рече Марјанчо Николов пратеник во републичкото собрание од СДСМ од Велес.

Коцевски заблагодарувајќи се на довербата која му е укажана, ги посочи неговите мотиви што прифатил да добие трет мандат  за градоначалник на општина Велес.

Имам фирма која има 20-тина вработени, се занимавам со градежништво и немам никакви материјални и финансиски мотиви за да бидам градоначалник. Поддршката која ја имам пред се од граѓаните  и секојдневно ја добивам е главната вина поради која  ја прифатив кандидатурата.  Неколкуте анкети тоа го покажаа и оти после Струмица, во Велес е најголемата поддршката која  партијата ја има. Вториот мотив е  што не можам да се помирам со состојбата во која е Велес, таа е општина која стагнира и е запоставена.  Потоа сакам да ги ставам моите искуства, знаења, искуства, способности на граѓаните на Велес за тој да излезе од тешката социјална и економска состојба – рече Коцевски.

Тој беше градоначалник на општина Велес од 2000-та  до 2009-та година.  Беше  најавен и неделниот митинг кој ќе се одржи во 20 часот на плоштадот Сармаале, каде Коцевски ќе биде промовиран за кандидат а СДСМ очекува  на овој собир граѓаните со нивното присуство да го кренат гласот против сиромаштијата, лошата  економската и  невработеноста.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »