речник контакт

Ајде пак, уште еден мовембар

Младите велешани, со носење мустаќи, повторно ја подигаат свеста во борбата со машките болести

Петар Печков

И овој ноември, дел од помладата велешка популација го организира Мовембар (англиска кованица од мустаќ и ноември) . И овој пат здружението  Movember – Велес започна со кампањата за подигање на свеста за заштита од т.н. машки болести,рак на простатата и рак на тестисите. Затоа членовите на здружението започнаа да носат мустаќи, да го привлечат вниманието на јавноста.   

Минатата година поминавме одлично. Собравме средства што се уплатија во официјалната Movember организација, а со тоа придонесовме и помогнавме во борбата со „машките болести“ ја покренавме свеста за истите и цел месец се шетавме со „бркови“ . Беше забавно.  Овој Моември ќе го правиме истото, ќе носиме бркови, раскажуваме зошто,  и ќе се дружиме. И  годинава ќе имаме завршна забава, повторно   во PUB на која ќе донираме и ќе ги бираме најупорните „растачи“ на бркови – велат од велешки Мовембар и порачуваат,  ПОЧНАВМЕ ОД  САБОТАТА!!!

Завршната забава е закажана на 29-ти ноември, сабота во ПАБ, со работен наслов  донаторски симпозиум,, да си ги измериме.. мустаќите,,.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »