речник контакт

Ајфон 5 на „Епл“

Ајфон 5 кој се појави на пазарот вчера, петок, исполнува многу очекувања на обожавателите на технолошки направи и на аналитичарите на технологии, но на неговото претставување понуди само малку изненадувања

Петар Печков

Новиот ајфон на „Епл“ излегува на пазарот денеска, сега со поголем екран и со безжична Г4 технологија, истовремено додека компанијата бара начин да го заштити својот нов производ од ривалите како „Самсунг Елекроникс“ и „Гугл“.

Ајфон 5 исполнува многу очекувања на обожавателите на технолошки направи и на аналитичарите на технологии, но на неговото претставување во средата понуди само малку изненадувања кои ќе им дадат на акциите на „Епл“ - кои се скоро на рекордна граница - уште еден голем раст.

- Не постои фактор на воодушевување, затоа што сето она што го видовме е веќе видено. Сепак мислам дека направија доволно задоволителен производ, вели Мајкл Јошиками, директор на компанијата „Дестинејшн Велт Мениџмент“.

Други аналитичари во индустријата, пак, шпекулираат околу тоа што претстои во производната линија на „Епл“, во пресрет на важниот крај на годината, посебно кога компанијата остана нема во врска со озборуваниот телевизиски приемник или за помалиот ајпад.

Џинот во потрошувачката електроника, кој во 2010 ги популаризираше таблет компјутерите преку својот ајпад, не навестува дали планира негова помала верзија за да им конкурира на поевтините таблети, како што се оние на „Гугл“ или на „Амазон“.

- Навистина би сакале да го видиме мини ајпад во понудата на производи на почетокот на оваа сезона на празници. Се уште имаат време за тоа, вели Чанминг Смит, ко-менаџер во фондот „Капитал Адвајзори“.  - Што побрзо го видиме тоа, ќе биде поубедлива цената на акциите во последната четвртина од годината.

Акциите на „Епл“ на крајот на денот во средата завршија за 1,4 проценти повисоко, на 669,79 долари по акција.

Последниот ајфон доаѓа додека „Епл“ се соочува со сегашните конкуренти како „Самсунг“ и „Гугл“. Последниот учесник во овој натпревар, „Мајкрософт“, сега се обидува да го протурка својот оперативен систем „Виндоус фон 8“ како алтернатива на „Епл“ и на „Андроид“, најупотребуваните оперативни системи за смартфони во светот.

Аналитичарите предвидуваат продажба на 10 до 12 милиони примероци од новиот ајфон само овој месец.

Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, го отвори настанот во „Џерба Буена“ центарот во Сан Франциско, но директорот за маркетинг Фил Шилер беше тој кој го претстави ајфон 5 и ја водеше публиката во содржините на новиот телефон.

Ајфон 5 има 4 инчен екран, може да сурфа на високобрзинска 4Г ЛТЕ безжична мрежа и е за 20 проценти полесен од претходниот ајфон 4с.

Одење напред

На 21 септемрви ќе отплови за Австралија, Канада, Франција, Германија, Хонг Конг, Јапонија, Сингапур и Британија. До крајот на годината ќе стигне во 100 земји во најбрзата меѓународна дистрибуција на било кој ајфон досега.

Влогот со ајфон е голем, затоа што е тоа најважниот производ на „Епл“, кој носи речиси половина од приходите на компанијата. Калифорниската компанија досега продаде повеќе од 243 милиони ајфони од 2007 наваму, кога направата навлезе во сегашниот екосистем модел на апликации.

Но, „Самсунг“ сега предводи со 32,6 проценти на пазарот на смартфони, следува „Епл“ со 17 проценти, велат од фирмата за истражување на пазарот ИДЦ. И двете компании забележуваат пораст во споредба со минатата година, а „Самсунг“ е на чело со својот водечки производ галакси с3 смартфон.

Ајфон 5 во претпродажба ќе биде достапен за 199 долари, почнувајќи од денеска, со годишен договор и доаѓа со најновиот А6 процесор на „Епл“, за кој директорите велат дека работи двапати побрзо од претходната генерација. Ќе има три микрофони - и вграден гласовен асистент Сири - и камера со 8 мегапиксели, која ќе може да снима и панорамски.

Неговата продажба стартува преку трите најголеми мобилни оператори во САД, „Веризон ваерлес“, АТ&Т и „Спринт“.

Едно од најдобрите подобрувања е издржливоста на батеријата - ајфон 5 ќе може да подржи осум часа пребарување на веб мрежата 4Г, велат од компанијата.

Додека „Епл“ се труди да предводи со можностите на новиот телефон - „Самсунг“ и моторолата на „Гугл“ веќе имаат подготвени поголеми 4Г телефони - аналитичарите велат дека привлечноста на направата е во начинот како работа софтверот и хардверот во тандем.

- Кога излегуваат со нов производ, и кога остануваат единствените кои треба да се победат, искуството кај конзументите е она што ги истакнува овие можности, вели Каролина Миланези, аналитичар од „Гартнер Рисрч“. - Додека другите производители продолжуваат да се фокусираат само на хардверот - развивајќи поголеми брзини и поиздржливи батерии - „Епл“ се фокусира на истакнување на оперативниот систем, хардверот и она што можете да го користите од хардверот.

текстот е преземен од МСНБС - Њујорк

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »