речник контакт

Баба Мразица облечена во фустан од балони

Стотина балони беа материјал од кои е облечена сопругата на Дедо Мраз. Неа ја облече Милче Кијајовска, моделот е во Ки Вест.

Петар Печков

Во велешки бутик ,,Ки Вест,, еден модел од излогот го привлекува вниманието на минувачите.  Сместен во центарот на градот, тој е цел на погледите на сите случајни минувачи. Тоа е креацијата фустан од балони, именуван Баба Мразица.  Дело е на младата Милче Кијајовска, нејзина прва модна  креација.   

Заедно со сопственичката на бутикот,  Моника,  сакавме да создадеме нешто креативно, нешто што велешани го немаат видено. Разгледувавме многу модни  списанија, баравме на интернет и идејата се роди, да ја облечам куклата во фустан од балони.  Бидејќи е новогодишен, решивме да биде црвено –бела комбинација, наша верзија на Баба  Мразица – објаснува Милче.  

Го работела две седмици од идеја додека на крај не` ја поставиле куклата во излог.  Тешко било подврзувањето на балоните  и нивното обликување.   Кијајовска украсува родендени, крштавки, свадби.  Ова е нејзино прво дело, прва креација.

Муштериите кои доаѓаат во бутикот се  пријатно  изненадени, со љубопитност ја гледаат креацијата. Интересно е, ја фалат креаторката - вели сопственичка Моника Иванова.

По завршувањето на празниците,  бидејќи  фустанот е од балони кои со време се издишуваат, нема долго да стои, па така ќе останат само фотографиите како спомен.

https://www.facebook.com/Kijajovska-Exclusive-Events-264942237188476/?__mref=message_bubble

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »