Петар Печков
Објавено: сабота, 22 ноември 2014
Познатата баба Рада повеќе нема емисија на Канал 5 телевизија. Таа во интервју за порталот „Точка“ зборува за нејзиниот живот, за нгарадите, за емисијата…
„Кога ја добив наградата “Златна Буба Мара“ бев навистина изненадена. Даниел Кајмакоски исто доби Златна Бубарамара и неговата изјава беше дека е навистина изненаден и не очекувал дека на 30 и некоја година ќе добие ваква престижна награда, па тогаш што да кажам јас. На мои 68 години добив награда на која многу се радував. За кратко време станав популарна, но тоа не ми значи мене. Ми значат луѓето кои ги запознав и љубовта која секојдневно ја примам и давам. Имаше одредени отпори од страна на лекарите, од нивното здружение и се донесе одлука емисијата повеќе да не се емитува. Мило ми е дека таа емисија помогна на многу луѓе, влеа надеж и верба и драго ми е поради тоа- вели баба Рада.
На прашањето дали ја поддржува алтернативната или медицинската наука, таа вели:
„Јас сум и за едната и за другата, тие треба да бидат во една заедничка спрега. Секогаш во емисијата зборував дека мора да се консултира лекар. Не е возможно во 21 век да не и се верува на обичната медицина, односно медицинска наука. Против сум преголемото нејзино материјализирање. Русија е една од земјите каде што е популарна алтернативната медицина. Германија, Кина, Јапонија би ги вброила исто во земјите каде што алтернативната медицина зема еден сериозен замав. Треба да се земе најдоброто од двете, алтернативната и ортодоксната медицина. Не сум за радикални терапии, сум читала за нив и не ги поддржувам. Сепак, здравјето е индивидуална работа и секој сам треба да си одлучи за него. Многу се вложува во фармацијата и медицината и нормално е дека сакаат сето тоа да им се исплати. Низ цел свет постојат лекари кај кои материјалното е најважно, но не се свесни дека се е минливо. Треба да се водат од етика, од љубов, од човечност. За да му се пркоси на ова секојдневие треба и многу да се смееме. Смеењето навистина го продолжува животот“, вели баба Рада.
Tweet |