речник контакт

Бабуна победи на купот на Кркушка

Учествуваа 16 екипи, три од Србија. Поединечно првото место го освои Мирослав Андреев од екипа на Кркушка

Петар Печков

На риболовниот куп ,,Кркушка,, организиран од Риболовното друштво ,,Кркушка,, победи градскиот ривал екипа на ЗСЛ ,,Бабуна,,. Второто место и припадна на екипата на Јабланица од Лебане а третото според бројот на уловени парчиња риба е  Нишава од Ниш. 

Поединечно првото место го освои Мирослав Андреев од екипа на  Кркушка, второто на Панче Џампалов од Бабуна а трет беше Иван Пауновиќ од Јабланица Лебане.

Се ловеше на патеката под Железен мост а учествуваа 16 екипи: Вардар марош од Скопје, Пчиња и Мак –дам  од Куманово,  Мрена од Крива Паланка, Мрена, Трофеј и Бистро  сите од  Струмица, Пец-пец Прилеп,  Црна река Битола, Оскар од Кавадарци,  Бабуна и Кркушка две екипи од Велес,  и гостите од Србија - Пуст река од Дољевац, Нишава од Ниш,  Јабланица од Лебане, Секоја екипа броеше по три члена кои имаа на располагање по 75 минути за ловење. Сите уловени парчиња риба беа вратени во реката Вардар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »