речник контакт

Бабуна порибена со пастрмка

50 кг македонска пастрмка е од ЗСР Бабуна

Петар Печков

Реката Бабуна, кај вливот во Вардар беше порибена со 50 кг македонска пастрмка. Ова порибување го изврши Здружението на спортски риболовци Бабуна и тоа е дел од нивите обврски преземени со добивањето на концесија на оваа река.

Согласно риболовните основи, стручно изработени, предвидено е  со кои видови да се порибува реката. Бабуна и овој дел н вардар треба да се порибат со пастрмка и така ќе биде наредните години.   Пастрмката е одгледана во репро центарот во шум крај Струга, сопственост на УКИМ  Институт за сточарство Скопје. Ова е најдобриот период за порибување, од октомври до март. Цел ни е д се збогати рибниот фонд во нашите води – проф. д-р Васил Костов директор на УКИМ Институт за сточарство од Завод за рибарство и претседател на Риболовна федерација.

Заради зачувување на новиот фонд на пастрмки, засилени мерки на чуварската служба на ЗСР Бабуна.

Рибочуварската служба и агенцијата која е задолжена за обезбедување на теренот, ќе го заштити делот каде е извршено порибување. И самата пастрмка е таква риба која лесно се прилагодува на условите и тешко може да се улови – изјави Лазар Лазаревски член на ЗСРД Бабуна. 

Наредниот период ќе се порибува реката Вардар кај Велес и езерото Младост со подмладок на крап. Тој реагираше на дел од несовесните риболовци кој наместо со спортски риболов со нечесен начин, со мрежа фаќаат поголеми количества риба. Исто и на праксата на некои субјекти кои имаат индустриски објекти како и свињарски фарми, го истураат дел од отпадот во реките Вардар, Тополка и Бабуна.  За него причината се малите казни кои се пропишани за вакви дела, рибокрадство и уништување на рибниот фонд преку разни еко хаварии. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »