Петар Печков
Објавено: вторник, 13 мај 2014
Во неделата попладне во Чашка се одигра големото дерби на сезоната на Третата лига југ. Се сретнаа екипите ан Бабуна и Вардар од Неготино, кои се на втората и првата позиција во оваа конкуренција. Двете eкипи имаат иcт број бодови, со што Вардар има натпревар помалку.
Во овој развој на настанети разбирливо што натпреварот привлече големо внимание. Бабуна од Мартолци не успеа во намерата да го порази Вардар и да стане лидер. Натпреварот заврши нерешено 1:1.
Така останува истата состојба на врвот на три кола пред крајот. Двете екипи имаат по 46 бода а Вардар натпревар помалку. Останатите две екипи во овој ранг Илинден од Башино село и Превалец се пред излегување. Превалец е 8-ми со 31 бод а Илинден е 10-ти со 22 бода. Во ова коло Илинден загуби во Големо Коњари со 3:2 а Превалец беше слободен.
Tweet |