речник контакт

Бадников - Божикен оброк за гладните од Велес

Со храна од гостилница ,,Боеми,, и донација од ТА Мартин турс и Пан такси, оброк за социјални загрозените случаи

Петар Печков

Денес напладне, гостилница ,,Боеми,,  делеше бесплатно храна за велешани. Таа беше наменета за најранливите, социјално загрозените случаи. Се поделија 200 оброци. Граѓаните добија парче риба, гарнир и леб, бидејќи во тек се Божикните пости.   

Ова е акцијата ,,,условен оброк,, со која  делиме бесплатни оброци за социјално ранливите категории.   Било кој наш сограѓанин, може да дојде во гостилницата и да плати еден оброк и кога ќе собереме доволно оброци, ги испорачуваме на тие што им треба. Интересот  денес за оброк е послаб, што се должи на ладното и ветровито време. Оброците ги делиме во пресрет на Коледе и Бадник. Ова акција денес,  во најголем дел ја помогна ТА Мартин и Пан промет. - Велес - кажа Трајче Мешков, сопственик на гостилницата. 

Вакви акции гостилница ,,Боеми,,имала и претходно организирано, а ова е прв пат тоа да биде јавно пред објектот.  Тие претходно биле организирани наменски за одредени христијански празници и биле доделени 600 до 700 оброци.  

Ги повикувам правните лица, компаниите, фирмите од градов, бидејќи гладот кај нашите сограѓани не завршува денес, да помогнат за некоја следна акција - додаде Мешков. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »