Петар Печков
Објавено: четврток, 06 јануари 2022
Денес на пладне, Бадников хуманитарен ручек, за лицата од социјално ранливите категории од Велес. Беа поделени 350 оброци.
Оваа хуманитарна акција, која беше четврта во низа, почнувајќи од Св. Никола па во продолжение, беа вкупно поделени 1,6 илјади топли оброци.
Таа беше реализирана од здружението „Нула гладни во Велес“, заедно со гостилница Боем и Општинската организација на Црвен крст Велес.
На овој начин се обезбедија топли оброци за лица и семејства кои живеат во социјален ризик. Оброците се обезбедени од страна на повеќе донатори, граѓани или фирми од Велес.
Tweet |