Петар Печков
Објавено: петок, 06 јануари 2017
Стотина дечиња носејќи ја макетата од Витлеемската пештера и пеејќи ја Божикната – Бадникова песна, го најавија раѓањето на Исус. Ова е случи за прв пат во Велес во Организација на Повардарската Епархија на МПЦ –ОА.
По отслужените Царски часови со Василиева Вечерна Литургија, во црквата Св. Козма и Дамјан, од кругот на Болницата децата се упатија по улиците на Велес. Тие беа по пат дарувани од граѓани -верници со коледарски подароци. Литијата заврши до зградата на Општина Велес, каде на сите деца градоначалникот Чадиев ги даруваше со бадникови пакетчиња.
Оваа бадникова литургија се случи за прв пат во Велес. Целта е на ваков начин да се возобнови древната традиција на Бадник а во духот на правилното православно празнување на Бадник. Пријатно сме изненадени од одѕивот на децата но и од приемот на велешани – рече отец Драги Гаштарски. Ниту снегот,ветерот и студот не беа пречка стотина деца да ја пренесат макетата на Витлеемската пештера о велешките улици.
фото: Повардарска Епархија МПЦ
Tweet |