Петар Печков
Објавено: петок, 06 јануари 2023
И годинава, повеќе стотина деца, беа во Бадниковата поворка, која од црквата Св. Кирил и Методиј, пеш заминаа до општинската зграда. Преку овој чин тие го најавија е Христовото раѓање пеејќи ја Бадниковата песна „Вечниот Бог“.
Бадниковата поворка тргна од црквата „Св. Кирил и Методиј“,се движеше по улицата „Благој Ѓорев“ до кружниот тек, а потоа се упати кон Општина Велес, каде децата беа пречекани од градоначалникот Марко Колев.
Традиционално и оваа година божикни пакетчиња на децата подели Митрополитот Повардарски владиката Агатангел по отслужената Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ а потоа и градоначалникот Марко Колев.
Tweet |