речник контакт

Бадникова поворка трета година по ред (фото)

Пеејќи ја Божикната песна - Вечниот Бог, се движеа по улиците на градот и ја носеа убавата вест

Петар Печков

Трета година по ред, на Бадник, беше организирана Бадникова поворка, во која мноштво дечиња, пеејќи ја Божикната (Бадниковата) песна Вечниот Бог, се движеа по улиците на градот и ја носеа убавата вест. 

Поворката тргна од храмот Св. Кирил и Методиј по светата Божествена Литургија. Владиката  Агатангел  Митрополит на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња. 

Движејќи се по улиците Благој Ѓорев, Борис Трајковски, Кумановска децата се вратија во дворот на храмот. На Божик пак владиката Агатангел им додели пакетчиња на лицата од Здружението на лица со церебрална парализа.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »