Петар Печков
Објавено: четврток, 28 декември 2023
Велешанецот Баже Петров денес на децата пациенти од детското одделение од Велешка болница им подари новогодишни пакетчиња. Неговиот гест е голем, бидејќи нив ги обезбеди од средствата кои беа донирани за лекување a остнале неискористени.
„За мое лекување имаше акција за собирање на финансиски средства. Откако беа собрани, дел од нив се потрошија за плаќање на моето лекување. Докторите кажаа дека здравствената состојба е подобрена и нема потреба од натамошен третман. Затоа одлучив парите кои останаа а беа собрани за мое лекување, да ги наменам за купување на пакетчиња на децата кои се на лекување во велешка болница. Користам можност да им заблагодарам на сите кои донираа средства и помогнаа за моето лекување“ - кажа Петров.
Тој чинот на подарување на пакетчиња го зголеми, со присуство на Дедо Мраз, штои ги израдува дечињата.
Tweet |