Петар Печков
Објавено: четврток, 06 јули 2017
Базените каде велешани летово се разладуваат се со квалитетна вода за капење. За разлика од нив дел од течните води не се препорачуваат за освежување и рекреација.
Реката Тополка –долниот дел, од населба Превалец надолу не е за капење, има фекално загадување. Реката Бабуна е чисто и по целиот нејзин тек може да се користи за капење. Вардар е енормно загаден. Не само што не е препорачливо, туку во него не смет да се капат, ниту да се полева почвата ниту да се пои стоката. Езеро Младост има алги, изгледа дека е матно, но бактериолошки е исправно и добро е за рекреација. Градскиот Базен и базените по Хотелите ги проверуваме и тие се добри, нема загадување. Тиквешко езеро може да се користи за рекреација. Дојранско езеро годинава, спаѓа во втора категорија бактериолошки а по матност во трета категорија. Таму алгите поради жешкото време порано процветуваат и е матно, но тоа не пречи на квалитетот езерото да се користи за капење. –изјави д-р Флорентина Шурбевска Ристовска директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
Tweet |