речник контакт

Балетско студио „Анабела“ од Велес со прво место на Светскиот шампионат во Атина

Младите девојчиња победија со кореографија на „Трик, трач полка“

Петар Печков

Голем меѓународен успех на балетско студио „Анабела“ од Велес,  на  WADF World Championship Athens 2026, кое се одржа во Атина, Грција, во конкуренција на натпреварувачи од 24 држави од целиот светот. 

Најголемиот успех го постигна групната кореографија „Trisch Trasch Polka“, која ја освои титулата Светски шампион, освојувајќи го првото место во својата категорија. Кореограф на оваа победничка кореографија е Дора Пајдакова - студент на Факултетот за музичка уметност, на Катедрата за балетска педагогија – класичен балет.

Во победничката кореографија настапија младите балерини Миа Пеновска, Искра Ивановска, Мила Андовска, Александра Глигоровска, Марија Ќирова, Лидија Зафирова, Лана Зврцинова и Ива Ѓеоргиева, кои со својата прецизност, сценска енергија и уметнички израз успеаја да го освојат меѓународното жири и да ја донесат светската титула во Македонија.

Зад овој  успех се многубројни часови работа, дисциплина, посветеност и љубов кон балетската уметност. Голема заслуга за континуираниот развој и успесите на студиото има  Цеца Пајдакова, раководител на Балетско студио „Анабела“, која со години успешно создава генерации млади танчари што освојуваат награди на домашни и меѓународни натпревари.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »