Петар Печков
Објавено: вторник, 08 октомври 2019
Барајте нови странски инвестиции, но не ги заборавајте постојните, ваква порака му испрати сопственикот на германската компанија ,,Маркарт,, на македонскиот премиер, при неговиот денешен престој таму.
Ве охрабрувам и поттикнувам за натамошни странски инвестиции, но да потсетам да ги одржувате, негувате постоечки странски инвестиции, оти можат да придонесат многу повеќе - рече д-р Харалд Маркарт сопственик на ,,Маркарт груп,, која брои 13 фабрики низ светот. ,,Маркарт Македонија,, се наоѓа близу Велес. Таа сега вработува 650 лица а пред пет години започна со 170.
Премиерот Заев одговори дека токму заради тоа е во посета на оваа компанија од Сојузна Република Германија, која била пред одлука за проширување на капацитетот на ,,Маркарт Македонија,,.
Ги охрабруваме во нивната намера за зголемување на капацитетот. Ги запознавме со можност кои како Влада ги нудиме за проширување на производството. Таа вработува високо квалификувана работна сила. Ги слушнавме и нивните потреби, сугестии и решенија за прашања од нивната работа - рече премиерот Заев.
,,Маркарт,, е една од водечките светски компании за електро механички и електронски прекинувачи и преклопни системи за автомобилската индустрија, основана 1925 година.
Tweet |