Петар Печков
Објавено: среда, 11 мај 2022
Екологистите од ЕД Вила Зора ималe повеќе состаноци со стручни лица и од разговорите со нив дошле до неколку заклучоци, поради кои поднеле документ до Советот на Општина Велес околу натамошната постапка за градење на езеро Младост.
„Имаме два барања, за суспензија на ДУП-овите. Причина е што на место положбата на едната парцела е што е на карпа. И за таму да се гради мора таа да се руши. Ако се употребува експлозивно средства постои реална можност да се наруши стабилноста на браната на езерото Младост. Второто барање е што на друга парцела во друг ДУП има во има далновод за струја. Тој мине низ средина на парцелата. За отуѓување на таа парцела ќе биде потребна согласност од ЕВН и МЕПСО. Или при случај на било каков дефект како овие компании ќе може да реагираат, ќе бараат ли согласност од новиот иден сопственик на парцелата, кој таму може да изгради мотел, хотел“ - вели Сашка Коцевска од ЕД Вила Зора.
Таа потенцира дека во благодатите на езерото треба да уживаат посетителите не само од Велес туку и од другите градови кој доаѓаат да го посетат и затоа не е потребна натамошна негова „бетонизација“ или отуѓување на градежно земјиште заради изградба на туристички објекти. По нивното барање кое било доставено до Општина Велес, досега не добиле одговор.
Tweet |