Петар Печков
Објавено: среда, 08 април 2015
Во 15-тото коло од Третата лига Југ, две победи и пораз за велешките екипи кои се натпреваруваат во овој ранг. Екипата на Бабуна во борбата за опстанок со 5:2 ја совлада екипата на Партизан од Обршани, која е четврта.
Превалец исто така дома победи со минимални 1:0 против ниско пласираниот 11-тио Октомври од Прилеп. Борец 1919 загуби на гостувањето во Прилеп од последно пласираниот Варош со 4:2. Во следното коло Борец 1919, кој е 5-ти со 19 бода, дома сабота на Градски во 15,30ч. игра со лидерот Победа од Прилеп. Бабуна која е 7-ма со 16 бода гостува во Прилеп на 11 Октомври кој има ист број бодови и е на 9-то место. Трето пласираниот Превалец и има 32 бода, гостува на Дојранско езеро кој е 10-ти од 12 екипи со 15 бодови.
Екипата на Башкими му се заканува на лидерот Младост во Општинската фудбала лига. По двата порази на првопласираната екипа, Башкими од Горно Јаболчиште стигна до 4 бодови разлика а веќе в сабота, по гостувањето во Башино село против Илинден БС, може да се знае дали ќе има неизвесна трка или лидерот ќе има поголема предност.
13 коло
Илинден 55 - Интернационал 2:1
Башкими -Горски 5:1
Форца Нова - Младост 3:0
Гемиџии -Бирлик 5:1
слободни: Илинден БС и Мартолци
Т А Б Е Л А
1. Младост 12 9 1 2 21:14 28
2.Башкими 12 7 3 2 32:20 24
3. Форца Нова 12 6 4 2 19: 9 22
4.Илинден 1955 11 6 2 3 17:16 20
5. Гемиџии 12 5 4 3 26:21 19
6. Мартолци 11 5 3 3 25:13 18
7.Илинден БС 11 3 2 6 28:24 11
8.Интернационал 11 2 2 7 18:27 8
9. Бирлик 11 2 1 8 21:33 7
10.Горски 11 1 0 10 14:44 3
следно коло сабота, се играат на Градски
Бирлик - Форца Нова 10ч
Интернационал - Мартолци 12ч.
Горски - Илинден 55 14ч.
Илинден БС - Башкими се игра во Башино село во 11ч.
слободни: Младост и Гемиџии
Tweet |