Петар Печков
Објавено: четврток, 25 мај 2023
Четири филмови од денс до среда се на репертоарот на 3Д киноверзум Велес. Два од нив се премиерни.
Американскиот „Малата Сирена“ работен според истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, продукција на студиото Волт Дизни, е музички филм во кој настапува и Хали Бери како Ариел. Филмот има светска премиера денес а истовремено ќе се прикажува ив во Велес четврток, сабота, недела и втроник во попладневнито термин. Млада и убава сирена по име Ариел, склучува договор со злобна морска вештерка за да го размени својот преубав глас за човечки нозе, за да може да го открие копнениот свет и да го импресионира принцот во кој е заљубена.
Премиера има и јапонскиот цртан филм „Сузуме“.Ова анимација говори за тинејџерката Сузуме која случајно отвара необична врата, која се наоѓа во заборавен парк близу својот град Кјушиа. Филмот ќе биде прикажан петок во попладневниот термин.
Двата други филмови на тековниот репертоар се американскиот акционен „Брзи и бесни 10“ со Вин Дизел, кој изминатиот викенд беше најгледан на светот. Тој ќе се прикажува секој дне до среда во вечерниот термин.
Како и македонскиот цртан филм „Биби и Бобо- пролетна магија“, кој ќе се прикажува сабота, недела, понедленик и среда.
Tweet |