Петар Печков
Објавено: петок, 16 јули 2010
Ваквото решение е резултат на испитувањата на хемискиот и биолошкиот состав на водите во Велес од страна на Заводот за здравствена заштита - Велес. Вардар за разлика од изминатите години, покажува висока биолошка загаденост, поради канализациониот отпад, исто така во него има присуство на органски материи и фосфати, биолошки материи и комунална отпадна вода.
Забранети за капење се и вливовите на реките Тополка и Бабуна во реката Вардар, додека во нивниот останат тек тие се препорачливи за капење. Лекарите посочуваат, доколку граѓаните не ја почитуваат одлука за забраната за користење на водите на реката Вардар, кај нив може да дојде до кожни и цревни заболувања. Ова посебно се однесува за риболовците од кои се бара почитување на забраната заради заштита на нивното здравје.
Резултатите од испитувањата на водата од езерото Младост, покажуваат дека во него нема опасни и штетни материи. Единствено водата во езерото има голема матност, која е резултат на трските и алгите кои се наоѓаат во неа.
Tweet |