Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 февруари 2011
Мајката У.У. ( 24 год) од Градско во неделата вечер околу 16 часот во велешката Општа Болница го донела нејзиното мртво бебе. Истото било родено во саботата на 5 февруари во 18 часот а таа по нејзино барање била пуштена дома следниот ден, во неделата во 11 часот.
Вечерта, откако на бебето му се слошило, покажувало здравствени проблеми, таа со такси дошла од Градско, но бебето веќе било мртво. По барање на истражен судија телото на бебето е предадено на обдукција а на него не биле регистрирани траги од насилство. Случајот е пријавен во МВР
Ова е трет случај на смрт на бебе, во домашни услови, за неполна година во велешко. Во првиот случај на родилката С.З од Горно јаболчќиште од 15 години откако таа била пуштена дома веднаш по породувањето, бебето и почина по три дена. Во друг случај почина бебе старо 20 дена од засега непознати причини почина а мајката М.С. ( 37 год) заработи кривична пријава.
Tweet |