Петар Печков
Објавено: петок, 21 декември 2012
Утрово околу 4,30 часот по повик на Брзата помош во дома на велешко семејство, докторите се обидувале да спасат живот на бебе на возраст од 2,5 месеци. Тие го реанимирале, се обидувале да го вратат во живот, но безуспешно, констатирале дека е мртво.
Од СВР Велес информираа дека по барање на истражен судија врз телото на детето ќе биде извршена обдукција и на него нема траги на насилство. Резултатите од обдукцијата ќе ја откријат и причината за смртта. Од овој настан длабоко биле потресени родителите на женското бебе, па и нив морало д им биде дадена лекарска помош.
Tweet |