речник контакт

Бегалците сега на велосипед минат низ Македонија

Познато е дека иако ги купуваат за 100 евра, кога ќе завршат со патувањето ги продаваат за 30 евра

Петар Печков

Откако бегалците низ Македонија ги корисета пругите, возовите, автобусите, приватните коли, шлепери, автопат, деновие мигрантите се преориентираа на велосипеди. Се почесто и помасовно  делницата  од Гевгелија до Куманово   ја минуваат на две тркала, на велосипед.  

Во Велес, во велосипедска работилница наидовме на две млади момчиња, Мухамед и Беар и двајцата од Хамам  град во Сирија.  Едниот велосипед кој го набавиле во Гевгелија се расипал, па бараа начин да набават нов, втор  за да продолжат.

Шест дена сме во  Македонија, тешко оди минувањето низ Вашата земја. Конечно ни кажаа да купиме велосипед и така да стигнеме до Куманово. Во Гевгелија ни ги продадоа за по 100 евра, ама еве овој откажа - вели Мухамед.

Тој е другар со Беар и двајцата имаат  по 23 години, апсолвенти се на Факултетот за информатика и согордост ја покажуваат струдентсакта легитимација. Но не можеле да останат во родниот град бидејќи војната се заканувале да  ги земат да бидат војска. А тие немаат желба животот да го завршат на боиште. Затоа се решиле да заминат.Крајна цел им е Германија.   

Низ Македонија и Унгарија најтешко се минува.  Иако луѓето сакаат да ни помогнат, ги страв да не завршат в затвор, затоа не одбегнуваат. Кога ќе стигнеме во Куманово ќе го продадеме велосипедот. Колку ќе ни дадат толку ќе земеме.Важно е да стасаме до Србија - вели Беар.  

Познато е дека иако  ги купуваат за 100 евра, кога ќе завршат со  патувањето ги продаваат за 30 евра. Во населбата Градско која е дел од рутата, на големо се продават половните велосипеди, кои се чувале во подрумите, малку и за`рѓани но важно е да се движат. Побарувачакта е голема, па затоa и се трошат. Двајцата млади Сирјици имаа среќа да налетаат на неколкумина Турци од Велес кои им помогнаа да купат  велосипед за добри 20 евра, мајсторот го поправи за 10. Добија и бесплатен ручек, беа потшишани. Но Мухамед и Беар не сакаа да слушнат  да бидат честени, инсистираа услугите да ги платат. Побараа во 13 часот да можат да одат на молитва. Го добија и тоа, во велешката Џамија.

Слична епизода се случи и во неделата, во велешката  Болница, каде 14 повредени бегалци беа згрижени. Добија бесплатен болнички ручек, а пред него побараа просторија каде би можеле да извршат молитва,но таква немаше. Во разговор со нив, информираа дека возачот на комбето , кој бегајќи од полицијата удри во надвозник, од секој од нив 18 лица земал по 1,5 илјади евра за да ги превезе до Куманово.  Беар и Мухамед се подготуиваа да го продолжат патот за Куманово. Беа добро информирани дека низ  Скопје не треба да минуваат.  Тие ја објаснија рутата која ја минеле од Сирија додека стигнат до Македонија.

Кај Вас најдолго се задржавме. Тука е најтешко и кога со чамец минувавме од Турција во Грција. За две недели пат, една седмица сме во Македонија. По пат  се сретнуваме со групи бегалци, разменуваме информации, каде што треба да направиме. За три илајди евра може да се стигне од Сирија до Германија  -  велат двајдата другари од Хамам, кои решиле дека подобар живот ги  чека таму некаде далеку во Германија.  

Луѓето кои беа два часа околу нив, помагајќи им да се обезбедат за патувањето им посакаа среќен пат и исполнување на нивните младешки сништа. И дека нема да бидат жртви на друмски разбојници, измамници, лоши луѓе, кои печалат на маката на бегалците. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »