Петар Печков
Објавено: четврток, 09 декември 2010
На 07.12.2010 година во 19.40 часот од страна на двајца полицајци од СВР-Велес, при постапување по наредба за приведување на лицето А.А.(34 год) од Велес, тој почнал да бега откако ги забележал полицајците. Настанот се случил кај потпорниот ѕид на Рамина а лицето требало да биде приведено за отслужување казна затвор.
Тој скокајќи ја оградата од дворот на лицето Д.А., а потоа од ѕид висок околу 2,5метри, паднал на улицата и си ја повредил десната нога. А.А. е пренесен во Медицинскиот Центар - Велес, каде му е констатирана тешка телесна повреда (фрактура) и е задржан на лекување.
Tweet |