Петар Печков
Објавено: недела, 12 март 2023
Ноќеска сообраќајка во која криумчар пренесувал илегално мигранти, при што повредени се неколку лица, откако автомобилот излетал од автопат.
„На 12 март, недела, од слобода е лишен Ј.З. (27 год) од Слупчане, општина Липково поради тоа што со возило „опел“ превезувал 11 мигранти од кои по тројца биле од Индија и Авганистан и петмина од Пакистан. На 12.03.2023 околу 00,25 часот на автопат А1 Неготино- Велес тој не застанал на даден знак од страна на полициски службеници од Полициска станица Михајлово, по што во близина на Велес изгубил контрола над возилото, кое се превртело“ - соопштија од МВР.
Ј.З. и двајца мигранти со телесни повреди се пренесени во Општата болница Велес за давање на лекарска помош, а потоа Ј.З. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка, додека мигрантите се сместени во Привремениот транзитен центар Винојуг.
„Ноќеска се примени на хируршко одделение три лица, при што по извршени снимања и проверки, констатирани се телесни повреди. Повредените по давањето на здравствена помош се преземени од страна на полицијата“- соопштија од Општа болница Велес.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Tweet |