Петар Печков
Објавено: петок, 20 декември 2013
Велешани кои ги користат услугите на железницата се револтирани од условите при патувањето, посебно во утринските часови. Ладни вагони и коли, без греење, мораат да се селат од воз во воз, што на овие ниски температури не е ни малку пријатно и здраво.
Ова е голготата на работниците и патниците кои до Велес секојдневно патуваат за Скопје. Премрзнати на минус седум, колку надвор, толку и внатре во вагоните. А патуваат и деца и ученици. Како тие се чувствуваат. Потребно ни е греење. Ова не е егзодусот на Македонците до Егејска Македонија 45-тата ова е секојдневие во 21 век – пишаа во електронска пошта со која се обратија до ТРМР.
Испратија и неколку фотографии од атмосферата во вагоните наутро, како и селењето од воз во воз во утрински часови. Тоа било пракса последните два дена. Додаваат дека никакво оправдување на можат да прифатат од МЖ, оти ова била далеку од човечки и хумант третман на патниците. И ги покануват неверниците, да патуват едно утро со нив, и се уверат на дело, како е во вагоните на МЖ на минус седум во седум наутро.
Tweet |