Петар Печков
Објавено: среда, 09 јуни 2021
Во велешко нема нов случај на позитивен од ковид-19, ниту оздравен. Ова е здравствениот биланс кој го објави Министерството за здравство, за период од 24 часа. Така во велешко и натаму има само два активни случаи.
Во велешка Болница има еден пациент повеќе хоспитализирано од вчера и бројката е десет. Од нив двајца се потврдени позитивни,тројца се сомнителни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се четворица пациенти, на Инфективно одделение згрижени се тројца а на Интерно седум.
Tweet |